Не добивате редовна плата и немате никакви бенефиции?
Иако многумина се плашат од промени и губење, работата сигурно треба да се промени ако не сте задоволни. Се разбира, секој мора да се жртвува од време на време, нема работа која е лесна. Секоја работа си има свои предности и недостатоци. Но, постои ограничување. Ако имате некој од овие проблеми, време е да го закопате стариот бунар и да барате ново работно место. Секој заслужува работа која го исполнува.
Мобинг на работното место
Ако сте работодавци секојдневно изложени на мобинг, веднаш дадете отказ. Луѓето секојдневно се борат со мобинг, кога со колеги, кога со работодавачот…
За почеток пробајте да ја поправите оваа ситуација, но ако во тоа не успеете, не нарушувајте си го вашето здравје. Барајте друга работа, дури и ако тоае нешто надвор од вашата професијата. Последиците од мобингот можат да бидат страшни. Може да имате проблеми со несоница, стрес, губење апетит и разни болести како проблеми со срцето, проблеми со органите за варење итн.
Не добивате плата и немате никакви бенефиции
Во Македонија, не е чудно кога работниците не примиле плата со месеци. Но, задолжително е да се откажете од таква работа, бидејќи таму нема леб, како што вели народната поговорка. Веднаш штом ќе забележите дека платата доцни и втор месец, заминете си од тоа работно место колку поврзо нозете можат да ви одат. Не залажувајте се дека работите ќе се променат. Секој е на работа затоа што му е потребна плата, а не затоа што има вишок на слободно време. Вие ќе бидете да дополнителен трошок трошејќи пари за превоз и храна.
Сте добиле подобра понуда
Никогаш немојте да се двоумите ако добиете подобра понуда за работа. За “подобра понуда” се подразбира истата работа за повисока плата, или ако не сте биле пријавени на старата работа и новиот работодавец е подготвен да се придржува кон законската обврска, ако имате работни патувања долго време а на новото работно место добивте можност да поминувате повеќе време со семејството и во домот, ако имате подобри работни бенефиции – повеќе слободни денови, одмор, стимулација, платени прекувремено… Се разбира, немојте само да ја разгледате позитивната страна на новата работа, размислете за недостатоците на новото работно место.
Започенете свој бизнис
Секогаш е подобро да си свој шеф, иако одговорноста е поголема. Многумина немаат привилегија да ги реализираат своите соништа и да започнат со работата што ја сакаат и која ги исполнува. Ако немате финансии за да започенте свој бизнис, за почеток позајмете и започнете да штедите.