ЖивотУбави совети

Рецепт за посен мајонез со малку калории!

Мајонезот важи за масна и нездрава храна, па доколку внимавате што јадете веројатно одамна се имате откажано од него. Ако го сакате вкусот на мајонезот ние ви нудиме здрав рецепт кој можете набрзина да го подготвите сами дома.

Доколку сте во пост овој рецепт навистина ќе ве изненади позитивно.

Потребни состојки: 2 лажици маслиново масло, 2/3 шолја индиски ореви, 2/3 шолја семки од сончоглед, 3/4 лажички сол, 3/4 шолја ладна вода, оцет или сок од лимон (по желба), 1 урма, 2 парчиња лук и 1 лажица сенф.

Подготовка:

1. Ставете ги сончогледот и индиските ореви во вода да стојат во текот на ноќта и исплакнете ги, исцедете ги наутро.

2. Ставете ги заедно со другите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете соединета мазна смеса.

Поврзани статии

Back to top button