Како правилно да реагираме на детскиот гнев?
Секоја мајка знае дека е невозможно да се порасне дете без фази на гнев и хирови, и затоа мирно ги прифаќа детските солзи. Но, замислете што чувствува детето, кое како одговор на неговите бурни емоции слуша: “До кога ќе плачеш” или: “Престани да плачеш!”
Според психолозите, таквите фрази предизвикуваат чувство на пониска вредност кај децата и ги насочуваат кон неуспех. Па, како правилно да реагираме на детскиот гнев?
Прво, треба да се сфати дека плачот за детето е нешто сосема природно. Тоа не е ништо страшно и срамно, дури е и корисно. Со силна емотивна реакција на еден или друг настан, детето ни ги кажува своите проблеми и покажува чувства со кои не може самото да ги надмине. Со тоа што му забрануваме на детето да плаче, покажуваме дека неговите емоции не се важни, и она што му се случило не е вредно за вниманието. Секој бес може да се контролира и прекине во првите моменти. Најважно од се е да му посветиме внимание и тоа да почувствува дека го разбираме и не го осудуваме за покажаните емоции.