ЖивотУбави совети

Тест: Прочитајте ја пораката која ви ја испраќа Космосот!

Одберете една фотографија која највеќе ве привлекува и ќе ја откриете пораката која ви ја испраќа КОСМОСОТ! 

А – Ова е многу добро време. Можеби веќе можете да почувствувате олеснување во својот живот или пак наскоро ќе го почувствувате. Енергетските услови се поволни за успех на секој проект во кој што сте вклучени. Тоа е затоа што сте направиле добар избор. Вашиот сон сега се остварува. Време е да ги добиете благодетите од проектот, потфатот или идејата која сте ја пратиле во минатото. Воопшто не ви било лесно да дојдете на местото на кое сега се наоѓате. Понекогаш сте се сомневале во вашиот успех, но сепак дојдено е времето во кое ќе добиете награда за вашата напорна работа и големиот труд. Сега можете да ги градите своите услови, да поставувате нови цели и да започнете нешто ново.

В – Време е да седнете и добро да се погледнете себе си. Во другите луѓе се наоѓаат прекрасни карактеристики и се восхитувате со нив. Иако, ова е сјајна особина немојте да заборавите дека она што е присутно во другите е присутно и во вас. Немојте да се чувствувате лошо. Кога ќе препознаете нешто добро во друга личност потсетете се дека тоа сте го препознале затоа што и вие во себе имате нешто навистина слично. Често мислите дека другите се подобри од вас, но време е да ја препознаете сопствената убавина, таленти и креативност. Кога ќе си дозволите на себе си да сјаете како ваше вистинско Јас ќе ви се отвори вратата на успехот.

C – Ако до сега сте се опуштале, сте уживале малку повеќе во храната, односите, материјалните поседувања и потајно сте се грижеле за тоа – престанете. Се додека не претерате малото задоволство не смета. Во животот треба да уживате, но да не претерувате. Побарајте рамнотежа во вашиот живот и работете на балансирање на вашата енергија. Истовремено немојте да се борите за било што, тоа на вас нема да ви помогне. Не морате да се откажете од задоволствата во животот само имајте на ум дека треба да воспоставите рамнотежа.

Поврзани статии

Back to top button