ЖивотУбави совети

Како е да се биде мајка на шест деца?

Една мајка од Австралија, се одлучила да роди второ дете по нејзиниот син и испаднало дека е бремена со близнаци. Кратко потоа, дознала дека е повторно бремена и дека носи три девојчиња.

„Кога дознав дека сум бремена со три бебиња, не можев да си верувам. Испадна дека тоа е една одлична авантура. Да се има тројка е благослов. Да, има премногу работа околу децата, но секоја секунда со нив е вредна. Има многу предизвици, но не би одбрала да биде поинаку!“ – вели Лучија Стајков, мајката на шест деца.

Имено, таа пред неколку години се одлучила да ги фотографира нејзините деца, особено трите ќерки кои ептен си наликуваат една на друга. Оваа нејзина идеја бргу прераснала во бизнис. Лучија денеска има свое фото студио во Аделаида и се заминава со фотографирање на мајки, татковци, бебиња и деца.

Погледнете ги нејзините прекрасни фотографии од нејзините деца кои ќе ви предизвикаат насмевки…


Поврзани статии

Back to top button