ЖивотУбави совети
Како да се одбегне констипацијата?
Во поголем број случаи констипацијата (запекот) има функционална природа, ослабени цревни мускули или несоодвента храна. Меѓутоа, не заборавјте дека ненадејната констипација може да биде симптом на тешка болест на цревата. Вообичаена констипација може да биде санирана со хигиенско-диететски мерки. Треба да се превоспитаат цревата, да се засилат нивните мускули за да се олесни преминот на фекалните материи. Во продолжение неколку корисни совети:
- Испијте две чаши вода наутро штом ќе се разбудите. Во текот на денот испитје уште 4 до 6 чаши или повеќе.
- За појадок јадете интергален леб и житарици, свежо овошје, овошен џем или неколку суви сливи кои можете да ги држите во чаша вода цела ноќ, а наутро да ја испиете и таа вода.
- Одбегнувајте продукти кои предивикуваат запек. Колачиња, бел леб, тестенини, јајца, вино и благи пијалаци.
- Навикнете го својот организам на редовно празнење, во определено време.
- Редовно правете физички вежби. Одењето најмалку половина час дневно дава најдобри резултати при отстранување на запекот.
- Во текот на денот јадете обилно свежо овошје (грозје, јаболка, цреши, праски, јагоди…)
- При упорен запек земете една или две лажици трици наутро. триците се растителни влакна и се наошаат во житариците. Не земајте повеќе од две лжици дневно, а ниту долго затоа што тие ја отежнуваат апсорпцијата на железото и на другите минерали во цревата. Житариците и лебот од цело зрно обезбедуваат доволно количество на трици.