ЖивотУбави совети

Алергиска реакција од крем за сончање?

Многу луѓе страдаат од алергии на сонцето, но некои од нив не знаат дека всушност имаат алергии на кремот за сончање. 

Тоа е реакција на фотоконтакт, односно нетолеранција кон одредени состојки кои ги содржи кремот за сончање, најчесто вештачки бои, конзерванси или силен алерген кој ги разградува сончевите зраци на површината на кожата.

Додека чувствителноста на сончевите зраци се манифестира со црвенило и чешање, алергиската реакција на кремот може да се појави во различни форми, од боцкање и чешање, до отекување на делови од телото и привремено губење на сензација во кожата.

Ако се појават такви проблеми, побарајте производи од цинк оксид кои ќе помогнат да се намали чувствителноста на кожата. Проверете го кремот на помал дел од кожата со нанесување на тенок слој на внатрешната страна на подлактицата. По неколку часа проверете дали има промена на кожата.

Поврзани статии

Back to top button