ЖивотУбави совети
Како да го контролирате апетитот?
Доколку тешко се воздржувате од храна иако сте сити, ова е важна вест за вас. Постои начин како да го контролирате апетитот и тоа на природен начин!
Последното американско истражување кое траело пет години и во кое учествувале 300 лица докажало дека оревите се од голема корист доколку сакате да го контролирате апетитот и да ги намалите килограмите. Така да, секогаш кога ќе почувствувате глад, посегнете по нив!
Освен што влијаат врз чувството за ситост, оревите се богати со омега 3 масни киселини кои го намалуваат ризикот од прекумерена тежина, но и превенираат појава на дијабетес и кардиоваскуларни болести. Според научниците за витка става и добро здравје, потребни ви се 6 ореви на ден!