ЖивотУбави совети

Како да се третира “најмодерната” алергија во моментов кај децата

Голем број од децата се алергични на некој вид на храна и факт е дека бројот на алергии се зголемува секој ден. Намирници кои најчесто предизвикуваат алергии кај децата се сите оние кои се богати со глутен или житарици, кикирики, јајца, соја, ф’стаци, риба и млеко.

Дете кое е алергично на глутен не смее да дојде во допир со некој алерген во каква било форма. Ако детето е сериозно алергично на глутен во почетокот најдобро е да се научи која храна не содржат глутен (обично се наоѓа во сите форми на тестенини и колачи, но глутенот исто така може да се најде во кисели краставички, кренвишли или сладолед).

Детето кое е алергично на глутен ќе доживее оток или осип кој ќе се повторува после секој оброк на храна која содржи глутен, и важно е да се знае дека и бебиња се изложени на глутен и преку мајчиното млеко.

Поимите глутенска интолеранција и алергија на глутен често се мешаат. Глутенска нетолеранција значи дека детето после јадење на храна која содржи глутен има повремени болки во стомакот, запек, гасови или дијареа и истите тие симптоми се јавуваат и кога станува збор за алергијата на глутен и тогаш се предизвикани грчеви во стомакот, запек, надуеност или пролив, но со алергиска реакција обично се јавуваат отежнато дишење, отекување на јазикот или на усните и осип.

Со тест преку крвта ќе се утврди дали постои чувствителност на глутен, но не постојат прецизни тестови кои се сто проценти сигурни за да се утврди дали тоа е алергија или зголемена чувствителност на глутен, по што лекарите обично препорачуваат да се исфрли храната која содржи глутен од исхраната. Алергија на глутен понекогаш е повлечена додека детето расте.

Една од најсериозните реакции на глутен е болест на цревата – целијачна болест. Целијачната болест е хронична автоимуна болест која предизвикува големи проблеми со цревата. Најчестите симптоми на целијачна болест се грчеви, нередовна столица, надуеност и болка. И тоа може да се третира само така што глутенот ќе е целосно исфрлен од исхраната.

На родителите им се препорачува барем во почетокот да јадат заедно со детето безглутенска храна, така што детето полесно ќе се соочи со тој проблем.  Проучувајте ја без глутенската исхрана за да комбинирате оброци.

Бидете сигурни дека детето нема да има пристап до алергени во вашиот дом. Барем на почетокот не купувајте храна која не смее детето да ја јаде.

Поврзани статии

Back to top button