Зошто рацете и нозете ви се постојано ладни? Го имаме одговорот!
Студените раце и стапала знаат да бидат многу фрустрирачки и непријатен феномен, особено кога не ни помагаат ниту ракавиците, ниту дебелите чорапи.
Како причина за студени раце и стапала, најпрво на ум ни доаѓаат лошата циркулација и анемијата.
Но, дали знаевте дека појавата на ладни раце и нозе е многу честа кај луѓето кои имаат лоша техника на дишење? И дека дишењето може да влијае на циркулацијата?
Кога дишеме премногу тешко или премногу брзо, нашите крвни садови се стеснуваат. Додека, од друга страна, кога дишеме бавно, длабоко, преку нос, нашето тело ослободува азотен оксид, молекула која игра клучна улога во зголемувањето на циркулацијата и доставувањето на кислород до клетките.
Кога крвните садови се стеснуваат, доаѓа до намален проток на кислород, а со тоа и ладни екстремитети.
Покрај тоа, кога дишеме пребрзо, ослободуваме премногу јаглерод диоксид. А тој ја регулира pH вредноста на крвта. Затоа, не сакаме премногу да го намалуваме, бидејќи тогаш може да дојде до намалување на хемоглобинот (кој носи кислород низ телото). И ова влијае и на појавата на ладни стапала и раце.
Ладни раце и нозе – како да се спречи оваа појава?
Се разбира, начинот на кој дишете не е единствената причина зошто екстремитетите секогаш ви се ладни. Постојат многу фактори кои влијаат на ова (а еден од нив, на пример, е нерамнотежата на тироидната жлезда).
Ако страдате од студени екстремитети, обидете се да дишете низ носот. Дишењето преку устата влијае на брзината на доставување кислород и на ладењето на рацете и нозете.
Совет е задолжително да се консултирате со лекар, доколку имате ладни раце и нозе, за да ја откриете причината и правилно да ја излечите.