Здрав и вкусен десерт со мед и цимет!
Откријте го вкусот на пржени банани со мед и цимет.
Вкусот на овој десерт ќе ги воодушеви сите гурмани кои сакаат едноставни и вкусни јадења. Пржени банани со мед и цимет се многу вкусен десерт кој се топи во устата.
Редовното консумирање банани може да има многу позитивно влијание врз функционирањето на нашето тело. Ова овошје содржи многу минерали и витамини. Бананите се ризница на калиум, поради што треба да ги јадат луѓе кои имаат проблем со хипертензија. Бананите помагаат и при чиреви или дијареја. Бананите содржат многу важни витамини, како што се А, Ц, Е и К. Исто така, содржат многу растителни влакна, како и минерали, на пр. магнезиум, фосфор или калциум. Ова овошје не треба да се користи често во сите видови храна, бидејќи содржи до 89 калории на 100 гр. Бананите содржат многу пектин, што е природна мешавина на јаглехидрати. Токму оваа компонента го намалува нивото на лош холестерол и го чисти телото од токсини. Пектинот, исто така, игра важна улога во борбата против дијабетесот, ја подобрува толеранцијата на глукоза.
Потребни состојки: 2 банани, 1 лажица путер, 1 лажица мед и малку цимет.
Подготовка: Излупете ги бананите и исечете ги по должина. Стопете го путерот, додадете мед и цимет. Темелно измешајте. Пржете околу 2 минути. Потоа додадете ги бананите и пржете некое време вртејќи ги од двете страни додека бананите малку омекнат. Извадете ги бананите од тавата и прелијте ги со преливот со мед и цимет. Ако сакате, можете да додадете сладолед од ванила при сервирање или да ги рекорирате со јаткасти плодови.