ЖивотУбави совети

Четири совети за лекување и нега на коса која е третирана со бои

Во моментов има толку многу трендови во боење на коса што навистина не знаеме за кој би се одлучиле попрво. Боја на коса бакарна или боите на виножитото? Пастелно розова или виолетова? Платинум сива или можеби русо-златна? Постои нешто моќно во менување на фризурата и бојата на косата. Со нова фризура како да се одбележува нов почеток и точка на пресвртница. Се разбира, промена на бојата на косата е секогаш добра идеја, но оштетувањето на влакното е неизбежно…

Ние ви подготвивме четири совети за лекување и нега на обоена коса.

Користете шампон без сулфат

Сулфати се хемикалии без кои вашата коса секако може да преживее, бидејќи не само што може да бидат причина за многу иритации на кожата, тие се исто така многу лоши за обоената коса. Шампонот кој содржи сулфат ќе ја отстрани бојата од вашата коса побрзо.

Не ја мијте вашата коса често

Како што рековме многу пати пред тоа, со често миење на косата можат да се отстранат сите природни масла од косата а тоа може да предизвика прекумерна сувост и пукање на влакната. Миење на косата еднаш или двапати неделно е идеално за одржување на вашата боја на косата и е поздраво. Наша препорака е помалку да ја миете косата со шампон и ќе видите за неколку недели како ќе се промени на текстура на косата.

Топлината не ви е пријателка

Фенирањето и исправувањето на косата дополнително ја уништува веќе оштетената коса. Обидете се да избегнувате уреди како фен за коса, преса и фигаро и обидете се да ја исушите косата природно (со пешќир). Освен што топлината дополнително ќе ја оштети косата, бојата ќе исчезне побрзо, а тоа не го сакате посекако. Кога користите уреди за стајлинг на косата задолжително користите спреј за заштита од топлина.

Нанесете масло пред шампонирање

Кокосово масло ќе го заштити косата од потенцијална штета а рицинусовото масло ќе го поттикне растот па затоа е најдобра опција е да се користат и двете масла. Да ги ставате во текот на ноќта, како маска и да ги исплакнете наутро или едноставно половина час пред самото миење нанесете масло на врвовите на косата. Третманите со масла се одлични за третирана коса со боја, па обидете се и пронајдете го она масло кое ви одговара и вклучи го во вашата рутина.

Поврзани статии

Back to top button