Од васУбави муабети
Женски копнеж кој пулсира во градите…
Џез жена
Со разнишана нота
телото и зборува за љубов,
како летно време што се буди
со мешавина од мириси на утро,
се протега триејќи ги дланките
создава музика од јужниот ветер
каде косата и е како жица од гитара,
а градите нежно се нишаат во ритам
на тапан, и возбудедените колкови.
Со белиот стомак игра,
го собира звукот од раскошен саксафон,
го впива како машко љубење на усните,
и женски копнеж кој пулсира во градите,
допири кои се лизгаат по мократа кожа,
нежно и страсно како клавиши на пијано,
создава незаборавна музика што и тече,
низ вените, во шепот на ноќната перница
каде одново шепоти за саканиот допир.
Даница Петровска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk