Од насУбави муабети

Биди зраво и среќно, мило мое дете!

Јас зборувам со тебе, ти со мене. Зборувај што мислиш, што чувствуваш. Да бидеме искрени еден со друг. Оти, така си помагаме. Бакни ме од срце, јас те научив како треба. Почуствувај го бакнежот. Уживај во него.

Времето е трпелив пијател. Но, не губи го залудно. Учи ги добрините. Тоа се другарите, роднините, книгите и секако добриот учител. Животот е најдобар учител, синко мој. На тага, на среќа, на сè тој ќе те научи.

Мисли на тоа што го работиш сине! Кога читаш, читај, биди тука. Кога другаруваш, биди искрен другар. И не заборавај да веруваш во себе. Со вербата во себе, полесно се живее.

Сонувај големи соништа! Дај душа и тело за да ги направиш секојдневие. Некогаш, остварувањето ќе ти предизвика болка, ама ќе вреди. Носи се со предизвиците. Моќно, како вистински маж!

Љуби! Како да нема утре. Љуби и тогаш кога мислиш дека не знаеш веќе како. Некогаш љубовта ќе ти ја кине душата, некогаш ќе ти ја гали, ама животот без љубов празен е! Љуби! И тогаш кога сите околу тебе мразат нешто или некој. Овој свет само со љубов ќе го спасиме!

Помагај! Повеќе од тоа што мислиш дека можеш. Помагај им на послабите и понемоќните. Биди светлина во нечиј мрак! Не се фали за твоите добри дела. Не барај аплаузи. Остави на Бог, тој ќе те награди.

Разговарај со своите деца! Слушај ги внимателно. И најмалите имаат големи приказни. И децата како и родителите некогаш имаат проблеми. Решете ги заедно. Не пропуштај го времето така да минува. Минувајте го заедно!

Биди зраво и среќно, мило мое дете!

Поврзани статии

Back to top button