Жените кои имаат повеќе од 35 години и килограми плус имаат помали шанси да стапат во брак?
Жените кои имаат повеќе од 35 години и килограми плус имаат помали шанси да стапат во брак – вели Џон Т. Молој, кој го објави своето истражување на оваа тема во книгата “Зошто мажите се женат со некои жени, а не со други”.
Врз основа на 2.000 интервјуа спроведени од страна на авторот се заклучува дека на мажите по 37 година потешко им да склучат брак, а уште потешко по 43 година. Најголем дел од членовите на посилниот пол предлага брак по 18 месеци врска, но ако тоа не се случи дури и по 22-от месец, има големи шанси тој да нема намера да ја побара девојката за жена.
На многу мажи, проблемот им е во тоа што нивната девојка е премногу убава за да биде нивна сопруга, бидејќи ги вознемирува и загрижува фактот да бидат во брак со жена која секој ја посакува.
Молој советуваат постарите немажени жени да ја оддржуваат својата линија, да се грижат за килограмите и да се сакаат самите себе, така што така и другите ќе ги сакаат. Па, тој советува и да внимаваат на својот изглед и откако ќе се венчаат, и ако тие се во долга врска “заглавени” без да се движи врската напред, тогаш е подобро да се стави крај, наместо да го губат времето попусто.