ЖивотУбави совети

Ефтин ручек од три состојки!

Ви подготвивме рецепт за вкусен ручек од само три состојки во кој ќе уживаат сите генерации. Ова е ефтин и брз ручек, па затоа е совршен за денови кога не сакате многу време да поминете во кујната.

Потребни состојки:

Три поголеми компири, една поголема главица кромид и едно пакетче виршли.

Подготовка:

Излупете ги компирите и кромидот и исечете ги на помали коцки. Наредете ги на тава поставена со хартија за печење. Попрскајте ги со сол и маслиново масло. Ставете ги во загреана рерна да се печат. Виршлите исечкајте ги на неколку дела, па штом ќе се запече компирот додадете ги во тавата. Печете уште малку. По желба можете да сервирате со сос од домати или со павлака.

Поврзани статии

Back to top button