Едноставен рецепт за домашен сок од грозје
Сезоната на подготовка на зимница започна. Традиционално и оваа година се подготвува ајвар, лутенка, слатко… Но, ние имаме и еден интересен предлог: направете сок од грозје кој ќе може да го пиете цела есен и зима. Рецептот е навистина едноставен за подготовка, па вреди да го пробате.
Потребни ви се 5 кг. исчистено црно грозје, 300 до 500 гр. шеќер (во зависност од тоа дали сакате поблаг вкус) и 1.5 л. вода.
Испаситајте го грозјето кое претходно сте го исчистиле од семките во машина за мелење месо или блендер. Добиениот сок заедно со водата варете го 15 минути. Додајте го шеќерот и варете уште десетина минути. Повремео промешувајте. Сокот ставете го во претходно добро исчистени и загреани стаклени шишиња, затворете ги добро и оставете ги да се оладат. Чувајте го сокот на темно и студено место, а откако ќе го отворите шишето чувајте го во фрижидер.