ЖивотУбави совети

Дали бебињата треба да спијат одвоено од родителите?

Бебињата и децата кои спијат во свои соби, одвоени од родителите побрзо потонуваат во сон и потребно им е помалку време за да заспијат цврсто за разлика од оние кои спијат на ист кревет со родителите. Барем ова е заклучокот од едно ново истражување спроводено врз повеќе од 6000 родители и објавено во списанието Sleep Medicine.

Водичот на ова истражување др. Џоди Миндел од детската болница во Филаделфија потенцирала дека бебињата кои спијат сами имаат навика и сами да презаспиваат во текот на ноќта. Тие помалку се будат во текот на ноќта и имаат помирен сон. Оваа студија е сосема контрадикторна од онаа на Американската асоцијација на педијатри кои тврдат дека бебињата помали од шест месеци никако не би требало да спијат одвоено од родителите бидејќи во спротивно се зголемува ризикот од синдромот на изненадна смрт кај новороденчиња.

Докторката Миндел сепак се согласува со мислењето на нејзините колеги, но потенцира дека после шестиот месец важно е бебињата да спијат во друга соба или доколку нема услови за тоа да спијат во креветче, а никако на брачниот кревет како и родителите и детето би имале добар и квалитетен сон.

Поврзани статии

Back to top button