Еве што треба да јадете за косата да ви расте побрзо!
Колку пати сме ја скрасиле косата премногу, а потоа за тоа сме зажалиле… Дали знаете дека има храна која значително го забрзува растот на косата?
Лосос
Лососот содржи незаситени Омега 3 масти кои ги зајакнуваат фоликулите на косата и помагаат да расте побрзо. Во овој вид риба, има многу од витамини Б12 и железо што ќе ја направат вашата коса поздрава.
Школки
Школки се златен рудник на цинк кој ќе ја направи вашата коса полна со сјај. Оваа храна не е многу популарна за секого, но експертите велат дека не би било лошо да се јаде барем повремено.
Пилешко
Пилешкото содржи многу протеини и директно влијае на производството на кератин – супстанца – 80 проценти од косата. Експертите велат дека, покрај пилешкото, добро е да јадеме и мисиркино.
Јајца
Јајцата ги содржат сите потребни елементи кои одговараат на косата, меѓу другото, и биотин. Биотин е додаток во исхраната кој го регулира губењето на косата. Во јајцата има многу амино киселини кои се потребни за косата.
Бадеми
Бадемот содржи витамин Е и активно влијае на растот и зајакнувањето на косата. Според докторскиот совет на дневно ниво, треба да се внесат околу 30 грама бадеми.
Семки од тиква
Семките од тиква содржат витамини Б1, Б2, Б3 и Б4. Тоа влијае на раст на косата и се препорачува редовно дневно внесување на семки, особено ако имате проблем со губење на косата.