Убави вести

Дороти Пачкова -Фестивал за уметност и активизам PitchWise

TRANSCEDENT FEMINISM – Академската сликарка и експертка по родова еднкавост, Дороти Пачкова, по покана на организаторките на Фестивалот за уметност и активизам PitchWise, настапува со својот авторски концептуален проект „УШТЕ ШТО ДРУГО СУМ ОСВЕН ШТО СУМ КАНЦЕР НА ОПШТЕСТВОТО“ во Сараево, Босна и Херцеговина, во Музејот на книжевност и театарска уметност на Босна и Херцеговина, од 12.09.2019 до 16.09.2019, со отварање од 18:00 часот.

Авторката оваа изложба ја создаде како конструктивна критичка реакција на минатогодишната бура од дискриминација кон жените од еднородителски семејства, што се брануваше по социјалните мрежи низ Северна Македонија во 2018 година.
Таа, како претседателка на граѓанското здружение Една може!, беше поканета од повеќе медиуми, да даде изјава и свој експертски став по однос на озлогласувањата за самохраните мајки, од типот на: „самохраните мајки се канцер на општеството“, „овие жени треба да се затворат“, „овие мајки се лош пример за идните генерации“, „калаштури шо пребаруваат и не знаат што сакаат“, „фригидни мажомрзачки“  и слични дискриминаторски етикети кои им ги залепија мноштво од оние кои се приклучија на лавината омаловажувања при комуникација на социјалните мрежи.

„Оваа патувчка изложба, има за цел да и прикаже на широката јавност, каква палета на различни идентитети развива една жена – самохрана мајка, во дисфункционално и исклучувачко општество како нашето, за да може нормално да функционира“ изјавува Дороти Пачкова. Доадава дека е посебно радосна што изложбата досега е прикажана во 7 различни градови, низ музеи и галерии, што буди интерес кај гледачите но и што постојано добива покани да ја прикажува изложбата и надвор од границите на земјата.

Визијата на проектот е да влија е на културните ставови и да ги трансформира стереотипите. Феминистичката уметност, како овој проект, отвара можности и сфери кои порано не постоеја, посебно отварајќи простор за активистичката уметност и нудејќи можности за разрешување на проблемите со женскиот идентитет, преку интердисциплинарен пристап.



Главната цел на овој мал а огромен, патувачки проект е да направи “game change” во перцепцијата и самопепрцепцијата на и за жените, посебно за жените сингл мајки.

Проектот го формираат концептуални фотографии, 10 до 15, на жена, во сите различни сценарија кој се дел од нејзиното секојдневие. Фотографиите ќе референцираат на првите феминистички фотографии, но во современ контекст и преку перспектива на сингл мајчинство.
Фотографиите се свесно доведени до радикална асиметрија на нагласување на успешноста на жената, токму поради потребата да се излезе од дисфункционалниот, наметнат, директно и индиректно матрикс.

“A photograph should transcend itself, the image its medium, in order to have its own presence” (Sherman, Statement 926).



Поврзани статии

Back to top button