Убави вести

Нова песна од BDM ft. Alex V – Летен звук и најава за албум

Sunlight e насловот на новата, петта по ред песна на македонското продуцентско трио BDM, зад кое се кријат Бранко и Дуле Вељановски и Мартин Делимитов. Ова е нивна втора соработка со Alex V, со кого пред една година го снимија хитот Run n’ Hide.
Новата песна на BDM е направена во електронски тропикал-амбиентален звук. Како и претходните песни, испеана е на англиски јазик и е во издание на Paragon Record Label.
Музиката и аранжманот ги направија BDM, а текстот го сработија заедно со Аlex V. За песната e снимено видео од страна на Мартин Петровски, а пост продукцијта ja работеше Sky Eye Entertainment.
„Кога со Alex V работевме на претходниот проект, Run n’ Hide, од самиот процес на креирање произлегоа и многу други идеи за кои сметавме дека можат да прераснат во понатамошни проекти. Една од нив е токму Sunlight,“ велат момците од BDM.
Овој проект се разликува од претходните, бидејќи е работен во периодот кога се воведоа рестриктивните мерки за спречување на ширењето на заразата со Ковид-19, па затоа момците песната ја работеа на далечина.
„Водејќи се од здравствените препораки што беа пропишани од надлежните, се договоривме овојпат да пробаме буквално сè да направиме онлајн и без каков било физички контакт. Домашните простории сите ги прилагодивме во работни простории и студија, и ги користевме сите можни апликации за комуникација. Притоа успеавме да добиеме резултат од којшто сме навистина задоволни,“ додаваат момците од BDM.
Песната ќе се најде на албумот State of Mind на кој момците од BDM работат во моментов.

За Paragon Record Label

Paragon Record Label е независна издавачка куќа, која комбинира љубов кон музиката и страст за квалитет во музичкиот бизнис. Посветени се на долгорочен развој на нови артисти, бендови и диџеи. Нивната мисија е да им обезбедат на своите соработници шанса да бидат слушнати на сите музички онлајн платформи за да можат полесно да се промовираат, не само во Македонија, туку и на глобално ниво. Сите артисти што имаат договори со Paragon Record Label можат да бидат слушнати во светот преку најдобрите платформи за музички стриминг како што се iTunes, Spotify, Google Play, Apple Music, Deezer, Neurotic, Pandora, Shazam + 150 други платформи.
Paragon Record Label има свое музичко студио за снимање со целосен спектар на музика, специјализирано за продукција, миксање, мастеринг, изведување, заштитување на авторски материјал, маркетинг, менаџмент и сите останати услуги коишто можат да бидат понудени од музички издавачки куќи.
„Врз основа на искуството во музичката индустрија и бизнисот, а со цел да им помогнеме на брилијантни уметници да го достигнат својот целосен потенцијал, членовите на нашиот рекорд лејбл, со кои неодамна работевме, продолживме да ги остваруваме зацртаните идеи, да обезбедиме нивната музика да биде слушната на радијата, а работиме со текстописци и автори на музика од регионот и од целиот свет. А тоа е бидејќи нашата музика е достапна и може да се слуша низ целиот свет. Наша мисија е да обезбедиме свежи идеи, можности и искуства за уметниците, следејќи ги современите трендови во
музичката индустрија“, велат од Paragon Record Label.

Поврзани статии

Back to top button