ЖивотУбави совети
Домашни маски за нега на проблематична кожа
Доколку имате проблематична кожа на лицето, склона кон акни, митисери и црвенило, тогаш знаете дека таа бара малку поинаква и поспецифична нега. Добро би било секогаш да најдете време и начин да го негувате ваквиот тип на кожа, посебно со природни препарати.
Ви нудиме рецепти за домашни маски кои проблемите со црвенилото и акните ќе ги решат за брзо време доколку ги практикувате редовно.
- Помешајте коцка свеж квасец со малко млеко. Добиената смеса нанесете ја на лицето и почекајте да се стврдне. Исплакнете со млака вода. Оваа маска е особено погодна доколку имате проблем со затнати пори кои предизвикуваат црнки и акни.
- Помешајте сок од еден домат и две супени лажици јогурт. Оваа маска нанесете ја на лицето и оставете ја да делува петнаесетина минути, па исплакнете.
- Две лажици сол помешајте ги со лажица мед. Хомогената смеса оставете ја на лицето да отстои околу дваесет минути. отстранете ја маската со помош на газа која ќе ја натопите во топло млеко, па исплакнете со студена вода.