ЖивотУбави совети

Печурки и симптоми на анксиозност: каква е поврзаноста?

Иако многумина често ги консумираат поради нивниот посебен вкус, за нивните здравствени придобивки често се пишува во нутриционистичкиот свет. Тие се одлична замена за месото, имаат мало влијание врз животната средина.

Тие се богати со антиоксидантни својства кои го поддржуваат имунолошкиот систем во борбата против воспаленија и инфекции. Покрај сето тоа, во последно време се споменува и влијанието на печурките во борбата со симптомите на анксиозност и депресија.

Печурки и симптоми на анксиозност
Секако, печурките не можат и не смеат да бидат целосна замена за терапија и консултација со специјалист. Сепак, според студијата спроведена од истражувачите од Медицинскиот колеџ во Пен Стејт, печурките би можеле да ги намалат симптомите на овие болести.

Имено, податоците собрани од повеќе од 24.000 возрасни лица во САД помеѓу 2005 и 2016 година покажале дека луѓето кои често консумирале печурки имале пониски нивоа на депресија и анксиозност. Истражувачите откриле дека учесниците кои јаделе умерено или многу печурки, исто така, имале помал ризик од заболување со овие болести, во споредба со оние кои не јаделе печурки или ги консумирале во многу мали количини.

Нивните наоди ја потврдија хипотезата дека луѓето кои јадат печурки имаат помал ризик од депресија поради високите нивоа на витамин Б-12, антиоксиданси и антиинфламаторни компоненти.

– Печурките се најголемиот извор на храна на аминокиселината ерготионеин – антиинфламаторно средство кое луѓето не можат да го синтетизираат, изјави главниот истражувач Џибрил Ба.

Воспалението е поврзано со депресија, како и со голем број други хронични болести. Надоврзувајќи се на минатите мали клинички испитувања кои покажаа намалување на депресијата и анксиозноста кај редовните консументи на печурки. Истражувањето е многу ветувачко за оние кои бараат нутриционистички решенија за превенција и третман на нарушувања на расположението.

Ејми Шапиро, нутриционист и основач на Real Nutrition, вели дека наодите од студијата се охрабрувачки, но потребни се повеќе истражувања за понатамошно проучување на потенцијалните придобивки од консумирањето печурки. Таа забележува дека оваа студија го користи сеќавањето на храната како метод на истражување, кој бара од учесниците детално да се потсетат на храната што ја консумирале.

Имено, не е секогаш вистинскиот начин да се дојде до детали за нечија потрошувачка, бидејќи често ја преценуваме или потценуваме количината на она што го консумираме. Покрај тоа, студијата не споменува кои видови печурки ги консумирале учесниците.

Секој тип на габи има различни нутритивни придобивки, така што ова знаење ќе биде одлично за дополнителни студии, но никогаш не може да се земе здраво за готово кога станува збор за менталното здравје. Дури и ако се покаже како многу ефикасна во уште десетина студии, психолошката терапија секогаш се претпочита кога станува збор за депресија и анксиозност.

Поврзани статии

Back to top button