Од насУбави муабети

Три знаци кои ќе ви покажат како се однесувате во врската!

Повеќето парови се стремат од врската да направат рамноправно партнерство. Желбата да се грижите за другата половина е прилично природна, но постои тенка граница помеѓу загриженоста за партнерот и загриженост како кон деца. Значи, ние ви спремивме три знаци кои покажуваат дека се однесувате повеќе како родител отколку како партнер.

Постојано мрморење и критикување

Никој не сака критикување без престан, а особено не лицето кое мора постојано да го слуша тоа мрморење. Тоа може да изгледа дека ова е единствениот начин за пристап на партнер кој се однесува како дете, но конструктивен разговор меѓу двајца возрасни е секако можно ако и двајцата направите напор. “Успешна врска не бара едниот партнер да ја преземе улогата на родител, а другиот улога на детето”

Распаравии без решение

Разговорите и кавгите се составен дел на секоја врска, но важно е да ги решите успешно. Ако залудно завршат, само ќе се чувствувате лути и гневни. Сетете се како изгледаа вашите кавги со родителите додека бевте дете. Расправиите со вашиот партнер треба да изгледаат спротивно од оние со родителите, затоа што во врската двајцата сте рамноправни и еднакви.

Постојано чистење по него

Без оглед дали станува збор за чистење на трошки после негово јадење, чистење на неговите расфрлени алишта или чистење во неговиот автобомил после секое возење не е во ред. Тој ќе се чувствува како да му дишите во врат. Најдобро за вас и за врската ќе биде да си ги поделите обврските и секој да си чисти после себе…

 

 

Поврзани статии

Back to top button