ЖивотУбави совети
Дали покрај себе го имате вистинскиот маж?
Жените често знаат да се во дилема дали човекот со кого моментално се во врска е баш тој, вистинскиот, правиот за нив, принцот на бел коњ… Иако совршени луѓе не постојат, има неколку знаци кои јасно сигнализираат дека покрај себе имате маж кој е блиску до совршенство.
- Обрнува внимание на ситниците. Колку и да се мали и безначајни тој ги цени.
- Знае да ви подготви вечера. И тоа го прави од љубов, не затоа што е приморан.
- Не се плаши од проблемите и бара решение, наместо виновник.
- Ве подржува! Дури и кога не знаете дали сте сигурни во своите одлуки.
- Би го направил и невозможното за да ве види насмеана.
- Не му е проблем да го слуша истиот муабет по десетти пат.
- Не му смета што имате тетоважа.
- Важно му е вашето мислење дури и да е спротивно од неговото.
- Подготвен е на компромис и жртви за вашата врска да успее.
- Се гордее со вашите успеси.
- Ви помага околу домашните обврски.
- Ве бакнува по неколку пати на ден.
- Се труди да ве направи среќна!