Дали е возможно вечно машко-женско пријателство?
Бројни истражувања го потврдиле истото. Речиси 40% од луѓето, на возраст од 25 до 34 години, се забавувале со својот пријател. Една третина гаеле чувства за пријателот, а овој проблем го имаат мажите повеќе од жените, поточно 38%, во споредба со 29% од жените.
Со последното истражување на оваа тема се открило дека 10% од испитаниците со своите блиски пријатели се бакнувале, додека секој десетти испитан човек се нашол во љубовен триаголник со пријател.
Една четвртина од испитаниците спиеле со својот пријател благодарение на пијана ноќ и излив на емоции и слабости. 13% од нив искрено признале дека жалат за таа одлука.
Луѓето сè повеќе бараат потенцијален партнер во пријателските кругови. Дури и кога ќе излезете со пријателот, шансите дека ке запознаете некој нов се многу мали. Големите групи на друштво, исто така, можат да ги заплашат потенцијалните кандидати, и тие, во страв од одбивање, често се откажуваат. Исто така, да се биде со пријател не значи да се имаат исти цели и амбиции.
Возможно е, но доколку односот не е премногу близок и доколку не се секојдневно заедно. Контактот секојдневен, делењето на маките и радостите го прават пријателството нешто повеќе од пријателство. Не дозволувајте да си го расипете пријателството, оти страста е минлива, пријателството е вечно!