ЖивотУбави совети

Дали сте хипохондрик?

Хипохондриците се познати по тоа што имаат непотребни грижи и паники околу здравјето, а многумина сметаат дека тоа е негативно за умот и телото. Но, новата студија го тврди спротивното: хипохондриците живеат подолго!

Хипохондриците во ова истражување кои го оцениле своето здравје како лошо иако немало видливи физички знаци за тоа имале помал ризик за рана смрт од кардиоваскуларна болест. Научниците велат дека тоа е така затоа што тие се најредовни на лекар, дури и кога немаат конкретни симптоми.

Докторката Кетрин Гејл од Универзитетот во Единбург која го водела ова истражување смета дека хипохондријата после ова истражување не треба да се доживува како психолошки проблем, туку како заштитен механизам.

Поврзани статии

Back to top button