Внесете бои и шари во домот!
Пролетта, по некое непишано правило е сезона кога го реновираме и уредуваме домот. Некои од нас прават мали чекори, како генерални чистења на домот, бојадисување на ѕидови, некои пак прават огромни и го реновираат животниот простор комплетно.
Доколку оваа сезона се одлучите да му дадете нов изглед на вашиот дом, никако не ги заборавајте тапетите. Во последниве неколку години тие се вратија на голема врата и се вистинско освежување за секоја просторија од вашиот дом.
Можете да одберете тапети со вертикални линии или шари кои визулено ќе го зголемат вашиот простор, фото-тапети со принтови од вашите омилени пејзажи или панорами или тапети со цртаните ликови за детските соби на вашите најмили.
Или пак, поставете тапети со цветни шари кои ќе ја носат пролетта во вашиот дом во секое годишно време или тапети со винтиџ детали кои на вашиот дом ќе му дадат ноза на отменост.
Погледнете ги фотографиите, инспирирајте се и украсете го домот!