Велигденска торта со двојно чоколадо!
Има ли нешто подобро од чоколадна торта? Да! Торта со двојно чоколадо. Може ли некој да му одолее на овој десерт? Погледнете го рецептот и за Велигден подгответе супер вкусна торта.
Потребни состојки за двојна чоколадна торта:
темно чоколадо – 200 грама
млечно чоколадо – 100 грама
маргарин – 200 грама
јајца – 4
шеќер – 200 грама
брашно – 150 грама
прашок за пециво – 1 лажица
сецкани ореви – 200 грама
млеко – 75 мл
слатка павлака – 50 мл
темно чоколадо – 90 грама
млечно чоколадо – 30 грама
Начин на подготовка:
Растопете го маргаринот со 200 гр црно чоколадо и 100 гр млечно чоколадо.
Изматете ги јајцата со шеќер. Додадете растопено чоколадо и мешајте додека не се соедини. Додадете брашно, прашок за пециво и сецкани ореви и измешајте сè заедно.
Подмачкајте калап од 22 см со путер и поставете го со хартија за печење. Истурете ја масата во калапот. Потоа ставете го калапот во рерна загреана на 175 ° C и печете 30 минути.
Кога тестото ќе се испече, оставете го да се излади. Во меѓувреме, подгответе го преливот со варење на млекото со павлака и додавање 90 гр темно и 30 гр млечно чоколадо. Потоа, тргнете го тенџерето од шпоретот и мешајте додека чоколадото целосно не се стопи.
Кога тестото се олади, извадете го од калапот, истурете го преливот рамномерно и оставете го да отстои.