ЖивотУбави совети

Септември, море и бебе е одлична комбинација

Почетокот на септември може да биде идеален за одмор, особено доколку имате малечко дете. По плажите веќе нема многу гужва, времето не е прежешко и може максимално да уживате во својот годишен одмор.

Но, на што треба да внимавате?

  • Не треба да се залажувате со муабетот дека сонцето сега не е толку силно. Да, тоа е вистина, но не смеете да го оставите детето на директна сончева светлина во периодот од 11 до 16 часот. Задолжително ставете му капче и очила за сонце и се разбира мачкајте го со крем со заштитен фактор на секои два часа или после секое излегување од вода.
  • Доколку детето се храни со млеко во прав или одредени видови на кашички, понесете ги. Не би било добро да ги замените со некоја друга варијанта, па детето да не ги прифати и да останете гладни и ненаспани цел одмор. Или барем осигурајте се дека во местото каде што ќе летувате ги има истите продукти кои вашето бебе ги консумира.
  • Не дозволувајте детето да дехидрира. Давајте водичка. Одберете флаширана и она која детето веќе ја пробало.
  • Понесете мало базенче. Доколку морето е чисто и топло нема причина зошто вашето дете не би се капело. Но, доколку водата е студена или пак времето е ветровито, базенчето е подобра опција.
  • Понесете со вас сирупче за температура и пробиотик.

Поврзани статии

Back to top button