Вежбај лежејќи и намалувај обем!
Постои една одлична техника за истегнување на половината, за затегнување и за зацрвстување на стомакот.
За многу кратко време (3-4 недели), не само што ќе ги зајакнете абдоменалните мускули одвнатре, туку и појасно ќе го оформите струкот, а стомакот ќе ви биде потесен и рамен.
Се подразбира дека колку почесто ја вежбате “вакум” вежба, толку побрз и очигледен ќе биде ефектот.
Вакум вежба за совршен појас:
1. Почетна положба: Легнете на грб, рацете испружете ги покрај телото, свиткајте ги колената стоејќи со стопалата на подот, мускулите опуштени. Полека издишувајте, ослободувајќи ги белите дробови од воздухот, не затегнувајќи ги мускулите на телото.
2. Отпуштајќи ги белите дробови од воздухот, започнете да ги протерувате стомачните мускули, обидувајќи се да го увлечете стомакот што е можно повеќе (како папокот да сака да ја притисне кичмата). Дишењето сега запрете го. Држете го така стомакот 10-15 секунди, а потоа отпуштете го до половината, пороа продолжете да го повлекувате стомакот назад.
Минималниот број повторувања е 5 пати.
Благодарение на оваа вежба за три недели може значително да се зајакнат внатрешните стомачни мускули, што ќе доведе до намалување на обемот на половината, како и на рамен стомакот! Цврст стомак е најпривлечен, не заборавајте!