ЖивотУбави совети

Внимавајте – газирана вода немојте да пиете секој ден!

Газираната минерална вода, особено онаа која е студена е одлично разладување во лето.

Колку и да се промовира како здрава за нас, сепак пиењето на големи количини од оваа вода може да има одредени последици врз нашето здравје.

Угледниот британски стоматолог и специјалист за орална хирургија, Адам Торн, вели дека минералната вода баш и не е добра за забите.

Проблемот е во тоа што газираната минерална вода е кисела односно има pH 3, а меурчињата од минералната вода може да ги ерозираат забите, да им ја променат бојата и да предизвикат воспаление.

Според Торн, посебно опасни се минералните води со различни вкусови, кои освен што се кисели, полни се и со шеќери кои можат да ги загрозат забите. Тој смета дека одвреме-навреме една чаша минерална газирана вода не е штетна, но секојдневното консумирање на ваквата вода е лошо за здравјето на забите и оралната хигиена.

Поврзани статии

Back to top button