ЖивотУбави совети

Која храна предизвикува појава на акни?

Преголемото количество рафиниран скроб во лебот и житарките, а не само чоколадата и мрсната храна, може да биде причината за настанување на акните.

Истражување спроведено од научници при Универзитетот во Колорадо покажало дека рафинираните јаглехидрати покренуваат низа реакции во телото што предизвикуваат зголемено создавање бактерии, кои, пак, се причинители на акни.

Акните можеби и не се единствен проблем предизвикан од консумирање големи количества високорафиниран скроб. Ваквата исхрана може да предизвика и кратковидост и да придонесе за дијабетес, кој се јавува кај возрасни лица.

Поврзани статии

Back to top button