ЖивотУбави совети

Бидете си приоритет!

Колку и да звучи лошо, мора да бидете себични и да ги ставате сопствените потреби на прво место. Всушност, експертите за ментално здравје, велат дека тоа е најдобрата работа која може да ја направите за себе.

Зошто би требало да си бидете приоритет?

Од тоа зависи вашето здравје: Секојдневно се оптеретуваме со своите обврски. Често и со тужи, па не успеваме да најдеме време за себе, да се олабавиме од стрес и да ги одмориме телото и умот. Бидете себични и не го давајте вашето време туку-така.

Работата може да почека: И мора! Никогаш не смее да ви биде приоритет и центар на ротација на вашиот живот. Немојте да ги одложувате лекарските прегледи поради работни обврски.

Ќе имате поквалитетна љубовна врска: Нема ништо лошо во тоа да водите сметка за потребите на својот партнер, но ако го правите тоа, а не обрнувате внимание на своите потреби, вашата врска ќе губи на квалитет, вие на идентитет.

Ќе бидете подобра мајка: Сериозно! Ако во текот на денот си одвоите барем половина час време само за себе, време кое ќе го поминувате како што вие сакате, ќе бидете посреќна. А среќна мајка значи и среќни деца.

Ќе постигнете внатрешен мир: Немојте да се чувствувате виновно за тоа што ги ставате своите потреби пред потребите на другите. Имате потполно право на тоа.

Поврзани статии

Back to top button