Од васУбави муабети
Ако трчаш – премногу ќе пропуштиш…
Чекори
Оди нежно во мојот живот.
Не трчај!
Ако трчаш премногу ќе пропуштиш.
Од мене!
Чекори меко,
да ми ги слушнеш песните,
оние што ти ги пишувам и пеам.
За љубовта и радоста.
Затоа чекори меко во мојот живот,
не трчај,
не сакаш да пропуштиш
ниту едно срцебиење.
Толку силно сепак нечујно,
само ти да слушнеш.
Затоа чекори меко во мојот живот,
да ја почувствуваш силината,
на мојта љубов.
Онаа љубов што ја препокрива,
секоја слабост.
Оди нежно во мојот живот.
Не трчај!
Да љубовта ти остане,
и да останеш.
Со мене!
Автор: Сотир Д Георгиевски
- Испратете и вие ваш текст на info@ubavo.mk