Убави книги и филмови

Три романси кои морате да ги прочитате ова лето

За денес одбравме три супер возбудливи и интересни книги

Прекрасна грешка (Вај Киленд) Првиот пат кога го запознав Кејн Вест, беше во бар.
Тој забележа дека гледам накај него и погрешно го протолкува моето муртење, мислејќи дека го меркам. Кога се обиде да разговара со мене, јас го пресеков – му кажав што мислам за неговиот лажлив, прељубнички, его-манијакален задник. Видете, прекрасниот кретен си отиде на вечера со мојата најдобра пријателка – намамувајќи ја во неговиот кревет, без ни да помисли да спомне дека е оженет. Тој си го заслужи секој дел од моето пердашење, дури и малку му беше, во споредба со тоа што тој го направи. Особено кога таа мрзлива насмевка му го украси неговото совршено лице, како одговор на мојот бесен монолог. Само што, испадна дека, човекот кој штотуку го направив партал, не е вистинскиот човек. Упс. Моја грешка. Засрамена, избегав без извинување. И онака никогаш повеќе немаше да го видам згодниот странец, нели? Така си мислев… додека следното утро не влегов на час. Па, здраво професоре Вест, јас сум вашиот нов асистент. Ќе работам под Вас… фигуративно кажано. Иако буквалното толкување можеби и не е толку лоша работа – да работиш „под“ професорот Вест. Ова има да биде интересно…

Изопачена љубов (Ана Хуанг) Алекс Волков е ѓавол со ангелско лице и минато од кое не може да побегне. Трагедијата во детството му го одредила животот и му го поплочила патот кон одмаздата. Воден од безмилосната потрага по успех, тој во своето срце нема место за љубов. Кога е принуден да се грижи за помладата сестра на неговиот најдобар пријател, почнува да чувствува дека нешто се топи во неговите гради. По извесно време му го распламтува срцето. Во него почнува да беснее таков оган што ќе му го изгори сиот свет. Ава Чен е самостојна и силна девојка, со чии соништа господарат кошмарите од детството на кое не може да се сети. Но и покрај тешкото минато, постојано наоѓа убавина во светот што ја опкружува – вклучително и во срцето скриено зад ледениот ѕид што го кренал мажот кој не смее да го посакува. Најдобриот пријател на нејзиниот брат. Нивниот сосед. Нејзиниот спасител и нејзината пропаст. Алекс и Ава не смеат да се засакаат. Нивната забранета љубов ќе разоткрие тајни кои би можеле да ги уништат – нив двајцата и сè што им значи.

Играчот (Вај Киленд) Го запознав Броди Истон во машката соблекувална. Требаше да го направам моето прво интервју како спортски новинар. Познатиот квотербек реши да се разголи. Не, не ми ги раскажа своите тајни, не ми ја разголи душата. Самобендисаниот играч реши да ја тргне крпата врзана околу половината во моментот кога му го поставив првото прашање. А интервјуто одеше во живо! Но јас не излегувам со играчи – згодни и самозадоволни момци на кои паметот им е само во сексот. Не затоа што сум една од малкуте жени кои работат во светот на професионалниот спорт. Нема поголем играч од Броди Истон. Секоја жена копнее да го смени. Но нему му беше потребна девојка за која вреди да се промени. Излезе дека јас сум таа девојка. Просто како грав, нели? Но никогаш не е толку едноставно. Постои цела една приказна меѓу Си беа еднаш и Си живееја среќно до крајот на животот. А оваа е нашата.

 

 

Поврзани статии

Back to top button