Убави книги и филмови

Секоја страница ќе остави траг на вашето срце…

Книги кои ќе допрат до вашето срце уште на самиот почеток

Изгубената девојка (Катрин Крофт) Пред осумнаесет години шестмесечната ќерка на Симона Портер, Хелена, е киднапирана.
Симона и нејзиниот сопруг, Мет, едвај успеваат повторно да ги состават парчињата од својот живот, но болката од загубата на нивното дете никогаш не ги напушта. Тогаш се појавува една млада девојка по име Грејс и ѝ кажува на Симона дека има информации за нејзината исчезната ќерка.
Но, која е Грејс? И дали Симона може да ѝ верува?
Но, кога и Грејс исчезнува, Симона се вплеткува во очајна потрага по својата ќерка и по девојката што може да има клучни информации за случајот. Таа е само на чекор од вистината, но тој чекор се наоѓа на опасна и болна територија.
Симона ја загуби својата ќерка. Но дали ќе го загуби и животот обидувајќи се да ја најде?

Лето на љубовта (Кејти Форд) Кој знае каква љубов може да се доживее за време на летото? Шан Бишоп го напушти зовриениот град и започна нов живот на село. Со своето синче, градина како од разгледница и нејзината работа која доживува процут, среќна е и премногу зафатена. И одеднаш, една прекрасна летна ноќ, се појавува Гас Бересфорд. Истражувач, заводник, Гас е неверојатно возбудлив, предизвикувачки гламурозен и – како што Шан се убедува себеси – сосема погрешен избор за самостојна и претпазлива жена како што е таа. Но Шан и Гас се знаат од поодамна… И покрај нејзините намери, нема да помине долго време, а таа повторно ќе се вљуби во него..

Потрага по Орди (Софи Кинсела) Прв роман на Софи Кинсела напишан за тинејџери. Одри не е во состојба да излезе на улица. Дури и дома не може да ги тргне темните очила. Таа страда од анкциозност. Тогаш во нејзиниот живот се појавува Линус, другарот на нејзиниот брат. Со својата пријателска насмевка налик на парче портокал и духовитите пораки, тој ја наведува Одри повторно да излезе од дома – за почеток, барем до Старбакс. Одри чувствува дека покрај Линус може да го прави сето она од кое претходно се плашеше. Одеднаш и се чини дека би можела повторно да се врати во светот од кој се отуѓи.
Подгответе се да се смеете, сонувате и да се надевате заедно со Одри, која сфаќа дека дури и кога ќе помислите дека сте се изгубиле себе, љубовта сепак може да ве пронајде вас…

Поврзани статии

Back to top button