ЖивотУбави совети
Рецепт за здрав колач со неверојатно добар вкус!
За време на летните, долги и топли денови разгалете се со убав десерт.
Во продолжение рецепт за брз, здрав колач со банани.
Состојки:
150 гр овесни снегулки
2 лажици какао
2 зрели банани
300 мл млеко
1 ванилин шеќер
За прелив ви треба:
чоколадни топчиња
боровинки
Подготовка
1.
Подгответе ги сите состојки. Изгмечете ги бананите со вилушка, па додајте млеко, ванилин шеќер, какао и убаво измешајте со жица за матење. Сега додадете ги овесните снегулки и повторно измешајте се заедно додека не се соедини.
2.
Истурете ја смесата во помал, подмачкан калап, одозгора распоредете ги парчињата чоколадо и боровинките. Печете на 180 степени 20-25 минути. Послужете топло или разладено по вкус.