ЖивотУбави совети

Едноставен и брз рецепт за највкусните кроасани!

Нека неделата започне вкусно! Направете неодоливи кроасани во чиј вкус ќе ужива целото семејство!

За тестото:
2 јајца
2 дл масло
3 дл млеко
1 лажичка сув квасец
100 гр шеќер
700 гр брашно

За фил:
џем од сливи

За сируп:
200 гр шеќер
3 дл вода

За попрскување на кроасаните:
100 гр кокос

На 3 дл млако млеко додајте лажичка сув квасец и 100 гр шеќер. Оставете го малку да отстои, па додадете 2 јајца, 2 дл масло и замесете тесто. Оставете го да нарасне, па потоа поделете го на пет дела. Секој дел се расукува, па се сече на 6 триаголници. На секој триаголник од тестото ставете по една лажица џем и завиткајте го како кроасан. Кроасаните оставете ги да отстојат 15 минути па потоа испечете ги на 200 степени додека не добијат златна боја.

Во меѓувреме пригответе го сирупот: Во сад ставете шеќер и вода и варете  4-5 минути од моментот на вриење. Испечените кроасани прелијте ги со топлиот сируп па извалкајте ги во кокос. Откако ќе се оладат со задоволство послужете ги!

Поврзани статии

Back to top button