Убави вести

Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“

Цевка има топ не е, брада има топ не е.
Што е тоа?

Токму со ваква гатанка почнува новата сезона од „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, доволно провокативна за да алудира на одговорот и доволно инспиративна за да ве натера да мислите. Токму каква што е и идејата на емисијата, да има провокативни теми кои ќе ве натераат да размислите да дискутирате ама на крајот и да се изнасмеете.

Со оглед на почетокот во месец ноември, „Нешто конкретно“ се приклучува во кампањата за подигање на свеста за машко здравје. А Снеже апелира: Драги мажи одете превентивно и на лекар и на психолог за да ни бидете здрави и во снагата и во умот, а првата епизода почнува со тема – Колку вредиме? Па Снеже има „скап“ гостин.
Новата сезона е и со нова најавна шпица

Сменет ли е концептот или се останува исто, дали можеби на Снеже и се придружи ко-водител за баланс на машко женска енергија? И најважно кој е одговорот на гатанката. Гледајте во недела, 17:20 часот на Телма.

Поврзани статии

Back to top button