ЖивотУбави совети
Ова е најдобрата мешавина за панирање, тајната е во една состојка
Повеќето луѓе сакаат панирано месо, бидејќи има специфичен вкус. Сепак, понекогаш брашното и презлата прават голем хаос, а смесата за панирање не секогаш излегува онака како што сме сакале. Смесата за пржење треба да биде таква што месото внатре останува сочно, а кората крцкава.
Затоа со вас споделуваме рецепт за совршена смеса за панирање, а тајната е во пивото!
Состојки
– 3 јајца
– 5 лажици брашно
– 1 лажица презла
– 1/2 лажичка сол
– 200 мл пиво
Подготовка
Јајцата се матат, па се додаваат брашното, солта, презлата и пивото. Во оваа смеса валкајте го месото, па пржете го на редовен начин.