ЖивотУбави совети

Ова се најлошите намирници за здравјето, а многу од нив се јадат секој ден за појадок

Многу истражувања потврдуваат дека правилната исхрана е исклучително важна за зачувување на нашето здравје. Доколку постојано јадеме нездрава храна, со текот на времето нашиот организам ќе сноси одредени последици поради тоа, од кои некои можат да бидат поттик за појава на сериозни здравствени состојби.

На крајот на краиштата, главната причина за многу болести е токму лошата исхрана, а недоволното внесување нутритивни вредности кои вообичаено ги добиваме од здравата храна може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, дебелина, дијабетес тип 2 и најмалку 13 различни видови на рак.

Со оглед на тоа дека правилната исхрана е клучна за зачувување на здравјето на нашето тело и ум, треба да елиминираме одредени намирници или барем да ја намалиме нивната консумација. Како што објаснува нутриционистот Роб Хобсон, постојат намирници кои многу луѓе често ги консумираат, а кои всушност имаат негативно влијание врз нашето здравје.

Овие намирници избегнувајте ги:

колбаси
кокосово масло
газирани пијалоци
пржена храна
овошни сокови со додаден шеќер
слатки снегулки/житарици
гранола
бело чоколадо

Поврзани статии

Back to top button