ЖивотУбави совети

Што е поздраво, чиа или ленено семе?

Последниве неколку години на големо се зборува за здравата храна, а оние кои одбрале здрав начин на живот често консумираат ленено или чиа семе бидејќи се богати со хранливи состојки кои се добредојдени за нашиот организам.

Но, сте се запрашале ли некогаш кое семе е подобро и похранливо?

Чиа семето е нешто помалку калорично од лененото. Исто така, чиа семето содржи повеќе хранливи влакна, повеќе калциум и фосфор.

Од друга страна, лененото семе содржи повеќе омега 3 масни киселини и антиоксидански за разлика од чиа семето кои се клучни за спречување на карциномот од кој било вид.

Кога станува збор за контрола на апетитот, лененото семе е поефикасно. Тоа исто така е и избор на повеќе луѓе бидејќи има подостапна цена за разлика од чиа семето.

Сепак, изборот останува на вас, а доколку практикувате здрава исхрана и финансиите тоа ви го дозволуваат вклучете ги и двете во исхраната.

Поврзани статии

Back to top button