ДомУбави совети

Како вашиот дом да мириса луксузно?

Често се случува домот да мириса напријатно и сосема е нормална таквата појава. Но, добро е да знаете дека решението не е во скапите освежувачи за воздух кои се полни со хемикалии.

Наместо тоа, направете домот да мириса луксузно баш како хотелите со пет ѕвезди. Не мора да фрлате многу пари, бидејќи решението е толку достапно!

Се што ви треба се лимони и нане. Ставете неколку кришки лимон и неколку гранчиња нане (наместо нане, може да употребите рузмарин, лаванда или цимет) во еден голем сад и полијте ги со вода. Ставете ги да се варат на тивко час до два.

Оставете ја течноста да се олади и ставете ја во распрскувач. Ќе добиете супер освежувач за домот чиј мирис трае со денови.  Овој освежувач може да го користите петнаесетина дена доколку го чувате во фрижидер.

Поврзани статии

Back to top button