ЖивотУбави совети

Во време на домашна изолација негувајте ја сами дома косата!

Кога станува збор за здравје и убавина, кокосовото масло е еден од најпознатите корисни природни лекови кој нуди многу здравствени придобивки. Цената му е прифатлива што е мнгу важно.

Кокосовото масло веќе долго време се покажало корисно во козметиката. Додадено е на производи за нега на тело, лице, нокти, но има најголем ефект врз косата дури и при првите третмани.

За да ја направите вашата коса мека и мазна, направете маска од кокосово масло и мед.

Ставете 2 лажици ладно цедено масло од кокос во сад и загревајте го во микробранова печка 20 секунди, потоа додадете 2 лажици мед и мешајте додека не се изедначи смесата.

Нанесете ја маската на малку навлажнета коса и оставете ја најмалку 40 минути да делува, а потоа измијте ја косата со шампон. Применувајте ја оваа постапка еднаш неделно. Резултатите ќе ве изненадат позитивно!

Поврзани статии

Back to top button