Од васУбави муабети

Ти благодарам што ми отвори рана која никогаш нема да заздрави

Време за заборав

Дојде пред некој ден.
Врнеше истураше надвор.
Ми рече морам нешто да ти кажам.
Се скаменив.
Се заледив .
Како мраз во зима.
Во ред, те слушам – ти реков.
А срцето како лудо чукаше.
Што ли ќе беше?- разумот постојано се прашуваше
Дојди ми рече.
Ме прегрна.
Ме фати за рака.
Ми рече.
Знаеш дека премногу те сакам.
Знам му реков.
Бев со друга.
Се избезумив.
Не реков ни збор.
Не е како што мислиш рече.
Подголтнав.
Кнедла ми застана во грлото.
Крвта ми се заледи по телото.
Погледот ми се замагли.
Срцето со чукање забави.
Знам имаш право што и да мислиш рече.
Не реков ни збор.
Викај, врескај, удри ми шлаканица, плукни ме, но проговори, одговори нешто.
Те прашав што?
Само ме гледаше.
Пуштив солза.
Ти благодарам му реков.
Ме праша зошто.
За животот во лага.
За излитрната среќа.
За избледените насмевки.
За срушените сонови.
За поминатото време.
Ти благодарам што ми отвори рана која никогаш нема да заздрави
Плачеше.
Најверојатно те нападна каење.
Плачев и јас.
Од разочарување.
Прости ми рече.
Прости ми што во твојот живот влегов ненадејно
и уништив се што имаше сама изградено.
Прости ми што никогаш не те љубев достојно,
прости ми што никогаш не те прегрнав цврсто,
прости ми за секоја рана,
прости ми што дозволив да заспиеш расплакана,
прости ми што направив да сонуваш кошмари,
прости ми што некогаш разгорував немир во твоето срце.
Прости ми.
За нас.
Знаеш драги простувањето не ги менува работите,
тоа што некогаш се скршило никогаш нема да биде целосно повторно.
Знаеш…
Кога часовникот времето за солзи
го отчукува срцето не се прашува.
Збогум – прошепотив тивко и заминав.

Викторија  Стојовска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button