Не може да биде полесно: навечер ставете ја оваа храна во тоалетната школка, исплакнете со вода наутро, бактериите исчезнуваат
Бањата е просторијата во која се акумулираат најмногу микроби, габи и бактерии, па затоа е неопходно што почесто да се чисти. Покрај купените производи, кои често знаат да бидат многу агресивни и да ја оштетат глеѓта и керамиката, има и природни, односно направени од состојки и намирници кои најчесто ги користиме во кујната.
Еден таков „третман“ за чистење вклучува лук, моќен агенс кој се бори против бактериите и габите. Лукот сите го имаме редовно дома а самиот метод ќе ве чини само неколку денари!
Одамна е познато дека лукот има дезинфицирачко и антиинфламаторно дејство, а многу е корисен и за чистење на домот, особено на бањата. Алицинот, кој се наоѓа во лукот, ефикасно се бори против бактериите и габите.
Како да користите лук за чистење на тоалети и бањи?
Не може да биде полесно! Излупете чешне лук и ставете го во тоалет преку ноќ. Лукот ќе ослободи алицин, кој ќе ја „заврши“ својата работа и ќе ги уништи бактериите. Следното утро, само пуштете вода. Овој „третман“ се препорачува да го правите два пати неделно, а бањата ќе биде стерилна и чиста!
Чај од лук против жолти дамки во тоалетот
Лукот исто така може да помогне да се ослободите од жолтите дамки во тоалетот. Потребно е само да се направи чај од лук, а еве како: исечкајте или изрендајте три чешниња лук и ставете ги во литар врела вода. Оставете го да отстои околу 20 минути пред да го истурите во тоалетот. Следното утро, едноставно пуштете вода и оставете го лукот да се исплакне. Ако дамките се потврдоглави, повторете ја постапката неколку дена по ред – ќе бидете воодушевени од резултатот. На ист начин можете да ја исчистите и кадата.