ЖивотУбави совети

Астролозите тврдат: Ова се 2-те најдобри и 2-те најлоши сопруги според хороскопот

Астролозите ги споредија ликовите на сите дами од хороскопот и ги истакнаа двете најдобро оценети во улогата на сопруга, како и двете најлошо оценети. Две дами ја носат титулата за најдобри сопруги меѓу знаците на хороскопот, додека две се окарактеризирани како најлош избор… Еве кој ја доби таа ласкава и не толку ласкава титула.

Највисоко оценети:

Водолија

Првото место е на жената Водолија. Таа може да биде толку одлична сопруга што изгледа нереално. Сопругата Водолија – речиси митска жена, хероина од соништата на мажите: засекогаш убава, позитивна и драга. Секогаш ќе живее задоволно и среќно покрај својот сопруг. Таа никогаш нема да живее со него од погрешни причини. Ако излегувате со жена Водолија и се уште не сте се оженилe со неа, веројатно не знаете да ги цените вистинските работи.

Овен

Жената Овен е асоцијација за тврдоглава жена, но само оние кои се во брак со неа знаат дека покрај себе имаат вистинско богатство. Да, таа може да биде тврдоглава, но оваа нејзина „мана“ не се издвојува во морето на други квалитети што ја прават одлична сопруга. Таа секогаш ќе се труди да биде убава, да изгледа добро. Во исто време, таа совршено ќе се грижи за куќата, семејството, сопругот, децата… И да, ќе има време за се. Таква е жената Овен.

Најлошо оценети сопруги се следните дами од хороскопот:

Скорпија

Неверојатно привлечна, волшебно интелигентна и убава млада дама, но најлошо оценета меѓу сопругите на хороскопот. Бракот со Скорпија ќе биде одличен се додека траат љубовта и занесот. Но, колку време е потребно? Кога страстите ќе почнат да стивнуваат, Скорпијата може да тропа на други врати барајќи повеќе, бидејќи живее од страст и возбуда. Тоа е нејзината омилена храна.

Риба

Слична на Скорпијата. Многу убава и пријатна жена која едноставно заминува кога работите не и се по вкус. Колку и да е чувствителна, може да биде и ладнокрвна. Некако оди од крајност до крајност по тоа прашање. Таа е многу лоша во балансирањето. Колку и да се трудат да бидат одлични сопруги, нешто друго (или некој друг) лесно може да им го одвлече вниманието.

Поврзани статии

Back to top button