Ослабете 5 килограми за 8 дена со пилешко, јогурт, јајца, салата…
Не знаеме дали сте забележале, но во последно време диетите за детоксикација се апсолутен хит.
Според нутриционистите, целта не е само слабеење, туку важно е да практикувате здрава исхрана која нема да му наштети на вашето здравје.
Главната цел на овие диети е пред се целосно да го исчистат телото од токсините насобрани во последните неколку месеци.
Само свежото овошје и зеленчук ги имаат потребните материи и елементи за детоксикација на телото. Оваа диета содржи многу малку калории и не треба да се повторува повеќе од еднаш на секои четири месеци, за да не се наруши метаболизмот. Треба да пиете многу вода и зелен чај додека сте на диета.
Првиот ден е чистење – консумирате само свежо цеден сок од овошје и зеленчук – портокал, киви, јаболко, грејпфрут, домат, морков, цвекло, спанаќ или што друго сакате. Овие свежо цедени сокови го стимулираат варењето и го чистат целиот дигестивен систем. Вкупно треба да пиете 6-7 чаши сок.
Вториот ден, менито вклучува 450 грама сирење и 4 чаши јогурт. Поделете на 3 оброци.
Третиот ден имате свежа сезонска салата со маслиново масло и без сол и бело варено пилешко месо за ручек и вечера со салата.
Четвртиот ден е ист како првиот или дневното мени се состои само од свежо исцеден сок; 6-7 чаши.
Ова се четирите најважни денови за исхрана. Во следните денови вашата исхрана треба да вклучува 4 белки, сирење, јогурт, риба и пилешко, заедно со 2-3 свежи салати дневно.
Овој режим може да трае повеќе од 4 дена (се мисли на вториот циклус на исхрана) доколку целта ви е да го намалите растечкиот број на килограми. Менито се состои само од протеини и влакна, без шеќер и масти, па успешно ќе ја намали телесната тежина. Се додека внесувате доволно витамини и минерали, вашето здравје не е во опасност.
По завршувањето на диетата, треба да избегнувате нездрава храна за дебелеење доколку не сакате да ја вратите изгубената тежина.