Трилер книги кои вредат да бидат прочитани
За денес одбравме три супер возбудливи трилер книги кои со својата мистериозност ќе ви го задржат вниманието се до последната страница.
Совршениот син (Фрида МекФаден) „Се надеваме дека Вашиот син ќе може да ни одговори на неколку прашања во врска со едно девојче кое исчезнало синоќа…“ Ерика Кас има совршено семејство и совршен живот. Сѐ до вечерта кога двајца детективи се појавуваат на нејзината врата. Една средношколка исчезнува од тивката предградска населба на Ерика. Полицијата се сомнева во најлошото – убиство. А синот на Ерика, тинејџерот Лиам, е последниот кој го видел девојчето живо. Ерика отсекогаш насетувала нешто мрачно и вознемирувачко во нејзиното навидум совршено постаро дете. Таа сака да верува дека тој е невин, но како што доказите се трупаат, така ѝ станува сѐ потешко да се бори против вистината – можно е Лиам да го направил незамисливото. И сега таа мора да се запраша себеси: колку далеку е подготвена да оди за да го заштити сопствениот син?
Погрешно место, погрешно време (Џулијан МекАлестер) Можеш ли да спречиш убиство откако веќе се случило? Крај на октомври. После полноќ. Го чекаш својот осумнаесетгодишен син. Тој доцни. Додека гледаш од прозорецот, тој се појавува и сфаќаш дека не е сам: тој оди кон еден човек и вооружен е. Не можеш да поверуваш кога ќе видиш што прави: твојот забавен, среќен син тинејџер, убива некој странец, токму таму на улицата пред вашата куќа. Не знаеш кој. Не знаеш зошто. Знаеш само дека твојот син сега е во притвор, неговата иднина е уништена. Таа ноќ заспиваш во очај. Сѐ е изгубено. Додека не се разбудиш. . . на вчерашен ден. И тогаш повторно се будиш. . . на завчерашен ден. Секое утро се будиш ден порано, уште еден ден пред убиството. Со уште една шанса да го запреш. Некаде во минатото лежи одговорот – причината за ова злосторство – и немаш друг избор, освен да ја откриеш. . .
Куќната помошничка (Фрида МекФаден) Мили Каловеј живее во својот автомобил и очајно бара пристојна работа. Затоа, веднаш ја прифаќа понудата за куќна помошничка во богатото семејство Винчестер, занемарувајќи ги ситните проблеми што доаѓаат со позицијата. Се вселува во таванското сопче на прекрасната куќа, каде што има сопствен кревет и покрив над глава – но зошто вратата се заклучува само однадвор? Зошто Нина Винчестер постојано прави неред и ги меша работите и датумите? Зошто градинарот ја предупредува дека ја демне опасност, но не сака да и каже ништо поконкретно? За жал, Мили нема скршена пара и нема свој дом, па не може да си дозволи да даде отказ.
Освен тоа, со се поголемата привлечност што ја чувствува кон Ендру, сопругот на Нина, не е сосем сигурна дека сака да го направи тоа. Сепак, наскоро ќе дознае дека ситуацијата во домот на Винчестерови не е воопшто таква каква што изгледа на прв поглед.